Откриен сомнителен предмет на Даунинг стрит, улиците блокирани

32

Улиците околу канцеларијата на британската премиерка Тереза Меј во Даунинг стрит во Лондон се затворени, бидејќи во близина е пронајден сомнителен предмет.

Ова беше објавено од британската полиција на Твитер, според „Ројтерс“.

– Специјалната полиција е на самото место – е наведeно во кратката изјава од полицијата.

Британската агенција додава дека полицијата ги насочува туристите и граѓаните на околните улици.