Откриени три лаборатории за синтетичка дрога во Мексико

67

Комбинирана акција на армијата и полициските сили во сојузната држава Синалоа на северот од Мекиско пронајде и растури три лаборатории во кои се произведувал метамфетамин, јавува Би-би-си.

Официјални лица проценуваат дека во овие лаборатории би можеле да произведат 17 милиони дози на оваа дрога, а се проценува дека нивното пронаоѓање е најсилниот удар врз троговијата и нелегалниот шверц со метамфетамин оваа година.

Со откривањето на овие три локации, сега оваа година се пронајдени 20 лаборатории за производство на метамфетамин во сојузната држава Синалоа. Според Би-би-си, дрогата која се произведува во Мексико, потоа се криумчари преку границата во САД, земја која е најголем консумент на дрога во светот.

Според Администрацијата за сузбивање на криминал со дрога (ДЕА) во САД, најголем дел од метамфетаминот кој се консумира во Америка тајно се произведува во Мексико.

Министерот за безбедност на Синалоа, Кристобал Кастањеда Камариљо, изјави дека овој пронајдок е благодарение на агенти кои пеш патролирале во регионот. Сепак, полицијата во Мексико во последниот период највеќе вакви лаборатории за производство на дрога ги лоцира со дронови кои имаат сезнзори за топлина, рекоа официјални лица од полицијата во земјата.