Отказ за полицајците кои бараа куршум за конгресменка

74

Двајца американски полицајци од сојузната држава Луизијана беа отпуштени поради објава на Фејсбук која укажува на тоа дека конгресменката Александрија Окасио-Кортез треба да биде застрелана, пренесува Би-би-си.

Чарлс Рисполи на својот профил напишал дека Окасио-Кортез треба да добие куршум. Негов пријетел кој е исто така полицајец, означил дека му се допаѓа објавата и двајцата добиле отказ.

– На оваа грда идиотка ѝ треба куршум – напишал Рисполи.

Оваа негова објава била реакција на напис на веб-страница за сатирични вести, која лажно укажала на тоа дека конгресменката верува дека американските војници се преплатени.

– Ова е срам за нашиот оддел – изјавил шефот на полицијата на Гретна.

Пред повеќе од една недела американскиот претседател Доналд Трамп вербално  нападна четири конгресменки, меѓу кои и Окасио-Кортез, велејќи им дека доколку не им се допаѓа во САД треба да се вратат во земјите од кои доаѓаат, а кои се преполни со криминал и проблеми.

Во неговиот последен твит, тој ги обвини дека се против САД, против Израел и поддржувачи на тероризам. Тој исто така рече дека треба да ја сакаат земјата, а не да работат против неа и да ја мразат. Сите четири конгресменки побараа, импичмент на Трамп.