Отворена првата болница во Кина за заболени од коронавирус

388

Првата кинеска болница за лекување заболени од коронавирус е отворена во градот Хуанганг, во близина на Вухан, кога работници и волонтери претворија напуштена зграда во установа со 1.000 кревети за два дена.

Зградата на болницата првично била изградена како ново крило на Централната болница „Хуанганг“ и требало да биде отворена во мај. Сепак, локалните власти во петокот наредија завршената, но празна зграда, да се користи за лекување пациенти со коронавирус, а подготовките почнаа во неделата.

До понеделникот сите кревети беа поставени, а беа завршени и инсталациите за струја, вода и интернет. Повеќе од 500 работници и десетина градежни возила работеле два дена и ноќи за да ја завршат работата навреме.

Друга болница се гради од темел во близина на Вухан и се очекува да биде завршена во текот на оваа недела, само една недела од почетокот на работите.