Осуммина цивили загинаа во воздушен напад во Авганистан

35

Најмалку осуммина цивили загинаа во воздушен напад во Авганистан, пренесоа полицијата и локални медиуми.

Портпаролот на полицијата, Шахпур Ахмадаи, вели дека вооружени сили на САД извршиле напад врз осомничената цел, сметајќи дека станува збор за група на талибанци. Тој не потврди колкав е бројот на жртви, но изјави дека се работи за цивили.

Локален жител подоцна изјавил дека во нападот загинале осуммина цивили, меѓу кои имало жени и деца.

Нападот се случил на помалку од 100 километри од главниот град на Авганистан, Кабул.