Осуммина загинати при пад на авион со членови на претседателски кабинет

233

Сите осум патници и членови на екипажот загинаа кога на истокот од Конго се урна товарен авион, во кој се наоѓале дел од членовите на кабинетот на претседателот на Конго, Феликс Чисекеди.

– Нема преживеани. Сите тела се целосно изгорени – изјави за „Ројтерс“ советникот на претседателот на Конго, Видија Чиманг.

Во авионот биле возачот на претседателот Конго и неговиот менаџер за логистика, како и неколку војници.

Авионот полетал за главниот град Киншаса и исчезнал од радарот во четвртокот попладне, по локално време, еден час по полетувањето.

Се распаднал во шумска област на истокот од земјата, а причината за несреќата засега не е позната.