Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

53

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, САД објави АП. Полицијата сè уште не ги објавила имињата на жртвите од ова пукање, ниту мотивите на напаѓачите.

– Засега не знаеме што го предизвикало пукањето, ниту колку вооружени лица биле инволвирани во инцидентот – рече капетанот на локалната полиција, Грег Ректор.