Осуден убиецот на словачкиот новинар Јан Куцијак

126

Судот во Словачка денеска го осуди Мирослав Марчек на 23 години затвор за убиство на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата девојка, пренесе „Ројтерс“.

Поранешниот припадник на вооружените сили, 37-годишниот Марчек, со огнено оружје ги убил Куцијак и Мартина Кушнирова во февруари 2018 година.
Марчек, кој не присуствувал на изрекувањето на пресудата, ја признал вината за убиството, кое предизвика протести во земјата и на крајот доведе до пад на словачката влада.

Обвинителот, кој барал 25 годишна казна за Марчек, поднел жалба на пресудата. Куцијак се занимавал со известување за корупција и оврзаност на влијателни бизнисмени со високи политичари и највисоки функционери во правосудството и полицијата.