Осудена иранска екологистка вели дека ѝ се закануваат со смрт и силување

277

Активистка за заштита на животната средина Нилуфар Бајани вели дека припадници на Иранскиот револуционерен корпус (ИРГЦ) ја испрашувале и ја мачеле најмалку 1.200 часа, заканувајќи ѝ се со смрт, силување и принудувајќи ја да имитира звуци на диви животни.

Тортурата која е детално опишано во документите кои ги добил персискиот сервис на Би-би-си, како и писмата на Бајани кои таа ги упатувала до иранските власти, имала за цел да ја скрши и да ја натера да ги признае обвинувањата кои се ставани на нејзин товар, како и на другите еколози, за „непријателска соработка со САД“.

Бајани, кој издржува казна од 10 години затвор, е една од осумте членови на фондацијата за зачувување на растителниот и животинскиот свет, кои беа уапсени на почетокот на 2018 година под обвинение за шпионажа.

Нивните затворски казни во траење од четири до 10 години, ги потврди повисокиот суд, соопшти портпаролот на иранското правосудство, Голамхусеин Есмаили.

Разузнавачката гранка на моќниот ИРГЦ ги уапси еколозите на крајот на јануари 2018 година, меѓу кои и директорот на фондацијата за зачувување на дивиот свет, Кавус Сејед Емами, истакнат иранско-канадски универзитетски професор. По неколку дена, Сејад Емами почина во притвор под необјаснети околности. Властите соопштија дека тој се самоубил, но неговите пријатели и роднини се сомневаат во причините за смртта.