Ослободени 19 жени и деца кои ИД ги држела во заложништво четири месеци

30

Сириската армија соопшти дека при воена операција во централниот дел на Сирија, ослободила 19 жени и деца, кои речиси четири месеци биле држени како заложници од страна на припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Операцијата била спроведена во реонот на Хамима, источно од градот Палмира.

Ослободените заложници биле меѓу 30-те лица што беа киднапирани од страна на џихадистите на 25 јули во јужната сириска провинција Свејда.

Армијата информира и дека при операцијата биле ликвидирани сите џихадисити што ги држеле заложниците.