Ормутскиот Теснец станува претесен за светските сили

105

Со оглед на тоа дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика Британија, Хамид Бединеџад, предупреди на можноста од ескалација на тензиите во Заливот.

Велика Британија претходно запленетиот танкер во Ормутскиот Теснец го нарече „непријателски чин“.

– Британија мора да ги смири оние политички сили кои сакаат ескалација на тензиите, многу поголема од прашањето на запленувањето на танкерот. Моментумот во регионот е многу опасен и чуствителен. Иран е подготвен на различни сценарија – на Твитер објави Бединеџад.

Претходно британскиот министер за одбрана, Тобијас Елвуд, не ја исклучи можноста од воведување санкции кон Техеран. Тој нагласи дека се разгледуваат различни одговори кон Техеран, меѓу кои се и санкциите и дека Лондон за тоа ќе разговара со сојузниците.

Британскиот шеф на дипломатијата Џереми Хант синоќа во телефонски разговор со својот ирански колега Мохамед Џавад Зариф изрази „екстремна разочараност“ заради запленувањето на танкерот со нафта во Ормутскиот Теснец, додека Зарафи му пренел дека танкерот ги прекршил поморските правила и дека мора да мине предвидениот правен процес.

Иранската Револуционерна гарда во петокот го пресретна и заплени танкерот „Стена имперо“, додека на него се наоѓаа 23 членови на екипажот, а во меѓувреме Иран сооошти дека сите морнари се добри.