Орбан удри по уморната бриселска елита

281

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа во обраќањето пред нацијата рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се допаѓа на, како што кажа, уморната бриселска елита, истакнувајќи дека Унгарија е иднината на Европа.

– Во последните десет години научивме дека Европа не е во Брисел – рече тој.

– Европа сме ние и не мора да ѝ се допаѓаме на уморната бриселска елита… Во минатото мислевме дека Европа е нашата иднина, но денес знаеме дека ние сме иднината на Европа“, рече Орбан.

Тој изрази задоволство за тоа што Унгарија нашла „заеднички темели“ со соседните земји, Хрватска, Словачка, Словенија и Србија, и е во позиција да влезе во поширока соработка со нив и да формира сојузи.