Орбан: Мали сме, но сакаме да ја смениме Европа

63

Екстремно десничарската партија на Виктор Орбан убедливо победи на домашен терен, со 52 отсто од гласовите и 13 места од унгарските 21 место. Тој ѝ се обрати на толпата пред „Китот“, седиштето на кампањата на Фидес во Будимпешта на Дунав.

-Ние сме мали, но сакаме да ја смениме Европа- рече тој, опишувајќи ги изборите како „почеток на нова ера против миграцијата“.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека „заврши статус квото“ во Европскиот парламент.

-Досега, по европските избори, сложувалката беше сосема едноставна, ЕПП и социјалистите се собираа, ги броеја гласовите и имаше удобно мнозинство. Сега никој не може да каже како ќе изгледа конечниот состав на мнозинството- истакна Сијарто.