Орбан: Време е Европа да се врати на идеалот на конкурентска европска економија

167

Европската Унија во изминатите пет години направи сериозни грешки, пред се во економијата и миграцијата, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Според Орбан, Европската комисија треба на Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ, да му овозможи да одлучува за прашањата за миграцијата.

Тој се осврна и на, како што кажа, „политичкиот активизам на Европската комисија кон унгарската Влада“, истакнувајќи дека ЕК треба да се однесува како чувар на спогодбата за ЕУ и да го напушти политичкиот активизам.

– Таа не е политичко тело, не треба да има програма и да врши политички напади врз свои членки – рече Орбан.

Според него, време е Европа да се врати кон идеалот на „конкурентска европска економија“.