Опасност од вулканска ерупција на Хаваите

580

Осум големи процепи се појавиле околу вулкакот Килауеа на Хаваите, при што оган, чад и магма излегуваат од земјата.

Сеизмолозите велат дека активноста на вулканот денеска се забавува, но дека се уште постои опасност од ерупција. Хаваите вчера беа погодени од серија земјотреси, по што се активираше Килауеа. Локалните власти наредија евакуација на населбите во близина на вулканот, за да ги заштитат граѓаните од евентуална ерупција.