Опасна киселина истече во Франкфурт, граѓаните со затворени прозорци и врати

463

Хлороводородна киселина истече утрово во индустрискиот дел на Франкфурт, поради што локалните власти го повикаа населението да ги затворат вратите и прозорците.

Покрај тоа, затворен е сообраќајот во две населби во близина на местото каде што се случил инцидентот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, камион со киселина се превртел по што од цистерната започнала да истекува опасната материја.

Пожарникарите успеале да го запрат истекувањето и ситуацијата е сега стабилна.

Хлороводородната киселина е широко распространета во индустриската употреба и со неа мора да се ракува многу внимателно бидејќи е многу корозивна течност.