ОН: Северна Кореја ја крши Резолуцијата, не ги запре програмите

95

Северна Кореја не ја запре својата нуклеарна и ракетна програма, што е кршење на резолуциите на Обединетите нации, се наведува во извештај на ОН, пренесува Хина.

Извештајот се изработува на секои шест месеци, а врз основа на проценката на независните набљудувачи на ОН кои го следат  спроведувањето на резолуциите на ОН.

„Северна Кореја не ги прекина своите нуклеарни и ракетни програми и продолжува да пркоси на резолуциите на Советот за безбедност на ОН преку масовно зголемување на нелегалните трансфери од еден брод на друг на нафтени деривати, како и преку пренесување на јаглен во море во текот на 2018 година”, се вели во извештајот напишан на 149 страници.

Севернокорејската мисија во ОН не го коментираше извештајот.