ОН: Над два милиона луѓе ја напуштија Венецуела поради недостиг на храна и лекови

26

Околу 2,3 милиони Венецуелци ја напуштија земјата погодена од политичка и хуманитарна криза поради недостиг на прехранбени производи и лекови, изјави портпаролот на Обединети нации, Стефан Дижари.

Тие се сместени во други јужноамерикански држави како Колумбија, Еквадор, Перу и Бразил.

– Како основна причина за заминувањето од Венецуела тие го посочија недостигот на храна, посочи Дижари.

Приближно 1,3 милиони луѓе во Венецуела се соочуваат со недостиг на храна, а повеќе од 100.000 носители на вирусот ХИВ/СИДА и се во опасност поради што немаат пристап до лекување.

Во земјата повторно се појавија исчезнатите болести како ситни сипаници, маларија, туберколоза и дифтерија.

Според експертот за миргација Томас Паес Браво, откако поранешниот претседател Уго Чавез дојде на власт во 1999 година околу три милиони луѓе заминале од Венецуела. Според венецуелската опозиција нивниот број е речиси четири милиони.