ОН евакураа дел од својот меѓународен персонал од Појасот Газа

36

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) соопшти дека евакуирала дел од својот меѓународен персонал во Појасот Газа, по масовните протести против неа во оваа палестинска енклава.

Директорот за операции на УНРВА, Матијас Шмеле информира дека деветмина членови на меѓународниот персонал на Агенција, кои извршуваат „неважни должности“, времено се префрлени од Појасот Газа во Ерусалим.

Шмеле, кој е меѓу припадниците на УНРВА што останаа во Појасот Газа, додаде дека во сегашните услови Агенцијата „не може да функционира нормално“.

УНРВА, која се соочува со финансиска криза по одлуката на САД да ја запрат исплатата на 300 милиони долари наменети за Агенцијата за 2018 година, реши да ги намали трошоците со тоа што отпушти 113 локални Палестнци кои беа ангажирани во нејзините проекти. Ваквата одлука на УНРВА предизвика серија на протести во Појасот Газа, насочени против Агенцијата.