ОН: Голем број мигрантки се силувани во Либија

98

Обединети нации денеска соопштија дека „огромно мнозинство“ жени и тинејџерки мигрантки, кои поминувале низ Либија биле силувани од кријумчарите.

Во најновиот заеднички извештај на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (УНХЦР) и Мисијата на ОН во Либија се  наведува дека е незамисливо ужасно тоа што им се прави на мигрантите кои се обивуваат да стигнат до Европа преку Либија.

Извештајот се однесува на периодот од јануари 2017 до август 2018 година.

Во соопштението се посочува дека истражителите собрале 1.300 пријави од жени и тинејџерки кои детално го опишуваат „ужасното кршење и злоупотреба од страна на државните службеници, вооружените групи, шверцерите и трговците со луѓе кон мигрантите и бегалците“.

Пријавени се убиства, мачење, произволно затворање, силување од страна на банди, ропство, принудна работа и уцени.