ОН: Во Јемен треба да се обезбеди храна за 20 милиони луѓе

17

Светската програма за храна на ОН соопшти дека истражувањето во Јемен покажало дека повеќе од 15 милиони луѓе се наоѓаат во „кризна“ ситуација и оти бројот може да стаса до 20 милиони, доколку набрзо не биде овозможена помош во храна.

Јеменски, но и меѓународни експерти, во октомври спроведоа истражување согласно меѓународниот систем за класификација на кризи во поглед на храната, и тоа покажа дека 65 илјади луѓе се на ниво оквалификувано како „катастрофално“.

„Таа бројка може да се зголеми на 237 илјади доколку помош не биде испратена“, се наведува во соопштението на Светската програма за храна.