Од Триполи раселени над 105.000 луѓе

46

УНХЦР соопшти дека повеќе од 105.000 лица се раселени поради конфликтот околу либискиот главен град Триполи.

Во април, како што потсетува „АП“, самопрогласената либиска национална армија под команда на Халиф Хафтар започна офанзива врз Триполи.

УНХЦР на Твитер објави дека помошта може да се достави само до околу 2.200 од 21.000 раселени семејства и дека на раселените лица се уште им е потребна поддршка, мир и стабилност.