Од Австрија најголем број протерани се Европејци

108

Австрија минатата година протерала 4.700 луѓе, а најголемиот дел го сочинуваат Европејци.

Повеќе од 60 отсто од протераните лица се со потекло од европските држави. Меѓу нив најмногу се Словаци, Срби, Унгарци, Романци. Дури 2.100 протерани лица се граѓани на ЕУ, што изнесува 45 отсто.

Ако на тоа се додадат Срби, Македонци, Албанци и Бошњаци, тоа значи дека 63 отсто од сите протерани се од Европа.

Се работи за лица без дозвола за претстој, невработени, лица кои сториле кривично дело.

На прво место од земјите, од каде потекнуваат протераните, Словачка со 600 луѓе, следуваат Срби, Унгарци и Романци, а дури потоа Нигеријци, Грузијци и Авганистанци.