Одобрена колицијата меѓу демократите и Движење 5 ѕвезди

156

Членовите на италијанската партија Движење 5 ѕвезди денес ја поддржаа предложената коалиција со опозициската Демократска партија, отворајќи го патот за формирање на новата влада која би стапила на должност во наредните денови.

На гласање преку интернет, 79,3 проценти од поддржувачите на партијата се изјасниле за здружување на силите со демократите, додека 20,7 проценти гласале против алијансата, им рече на новинарите лидерот на партијата Луиџи ди Мајо, пренесува „Ројтерс“.

Гласањето значи дека италијанскиот премиер Џузепе Конте сега може да ја финишира работата на новата администрација и да му го претстави на претседателот Серџо Матарела списокот на предложени министри.

Потоа, тој ќе мора да добие доверба во двата дома на парламентот.

Формирањето на новата влада доаѓа по пропаѓањето на коалицијата меѓу Движењето 5 ѕвезди и десничарската Лига на Матео Салвини, кој сакаше нови избори во надеж дека Лига ќе добие доволно гласови за самостојно да формира влада.