Одметнатиот либиски генерал не сака да слушне за молбите на Макрон

179

Одметнатиот либиски генерал Халифа Хафтар ја исклучува можноста за примирје, истакнувајќи дека сака да ги отстрани групите во Триполи што ја „инфицираа“ владата поддржана од Обединетите нации, според извори од францускиот претседателски кабинет, пренесува Ал џезира.

Разгорувањето на конфликтот во Либија, која е во хаос уште од соборувањето на Моамер Гадафи од власт во 2011 година, почна во април, со офанзивата на Либиската национална армија (ЛНА) на Хафтар кон Триполи. ЛНА, моментно е притисната во близина на јужните предградија на Триполи, од страна на борците верни на премиерот Фајез ал-Сараџ. 

Францускиот претседател Емануел Макрон и француските власти со недели апелираат да дојде до примирје, истакнувајќи ја поддршката за власта на Фајез ал Сараџ. Но, дел од европските држави (вклучително и Франција), досега го поддржуваа Хафтар во неговата борба.

Одметнатиот генерал порачал дека условите за постигнување примирје не се исполнети, но признал оти е потребен политички дијалог за излез од сегашната ситуација, според сведочењето на изворот на Ал џезира.