Одземени 84.000 долари и 3.500 евра од Албанец кој патувал за Кина

131

На меѓународниот аеродром во Тирана, албанската полиција одземала 84.000 долари и 3.500 евра од патник кој претходно не ги пријавил парите.

Стаува збор за албанскиот државјанин А.Д. (33) од Тирана кој требало да патува за Кина со авионот кој сообраќал на релација Тирана – Истанбул – Шангај. А.Д. заработил и кривична пријава за „непријавување парични и други средства на граница“.

– Полициската служба на аеродромот „Ринаси“ во Тирана при контрола на патниците,кои патуваа на релација Тирана – Истанбул – Шангај, откако ја мина царинската контрола, кај лицето А.Д.(33) откри и заплени 84.000 долари и 3.500 евра, кои претходно не ги пријавил – стои во полициското соопштение.

Случајот е под надлежност на основното Јавно обвинителство и Основниот суд во Тирана. За кус временски период ова е втор случај на одземени пари на албански државјани. Во претходниот случај на аеродромот во Тирана  беа одземени над 80.000 долари при влез на сопружници Албанци кои допатувале од САД.