Огромни пенливи бранови ги поплавија улиците во Шпанија

105

Огромни, пенливи бранови ги поплавија улиците во голем број градови во Шпанија, каде беснее зимската бура наречена Глорија, која досега однесе девет животи, а по четири лица се трага.

Во поголемиот дел од Шпанија, 200.000 луѓе останаа без електрична енергија, училиштата беа затворени, а патиштата блокирани поради снегот.

Морската пена, која е предизвикана од агитација на органска материја во водата, ги поплави улиците на Тоса Де Мар во Џирона.

Поради лошите временски услови шпанските власти прогласија алармантни временски услови во неколку региони.

Големите бранови и силниот ветер што ги погодија крајбрежните градови, оштетија голем број продавници и ресторани, информираат светските агенции.