Огромни експлозии во Бејрут, се треселе згради оддалечени неколку километри

195

Неколку експлозии одекнале во Бејрут, а на социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа страшниот момент. 

Експлозиите се случиле во пристанишниот дел на градот, во кој се наоѓаат многу згради и други објекти. На видеата можат да се слушнат врисоци на луѓе, а локалните медиуми пренесуваат дека има повредени и лица кои останале заробени под урнатините.

Оштетени биле згради кои се оддалечени неколку километри од експлозиите кои се случиле на 20 километри од главниот град на Либан.

Според првичните информации, повредени се повеќе луѓе. Како што јавува Би-би-си, од непотврдени информации се случиле две експлозии, а сè уште не е познато од што биле предизвикани.

Би-би-си пишува дека експлозиите се случиле во време кога се очекува да биде објавена пресудата во судењето за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири во 2005 година.

За убиството, обвинети се четири лица – членови на групата поддржана од Иран, Хезболах, која постојано негираше каква било улога во смртта на Харири. Ним им се суди во отсуство, а пресудата треба да биде донесена в петок.