Ограничувањата на движењето спасуваат илјадници животи

122

НОВА СТУДИЈА ОТКРИВА

Нова студија покажува дека строгите карантински мерки и препораки за социјално дистанцирање веќе спасуваат илјадници животи. Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон неделава објавија извештај, во кој се посочува дека владините интервенции досега спасиле најмалку 59.000 животи, во 11 различни европски земји.
Преку методи на статистичко моделирање, научниците биле во можност да ги измерат интензитетот на пандемијата во Европа и бројот на смртни случаи што досега се избегнати со интервенција на владите. Италија и Шпанија досега регистрираа најголем број жртви во Европа, но стапката на смртност би била далеку поголема ако двете влади не презеле карантински мерки, според новата студија.

Научниот модел покажува дека мерките спасиле најмалку 38.000 животи во Италија и 16.000 во Шпанија до крајот на март, заедно со уште 2.500 животи во Франција. Тие, исто така, спречиле смртни случаи и во земји што не биле толку силно погодени од пандемијата, како Германија.