Објавено кога ќе се одржи погребот на Џорџ Флојд, полицаецот префрлен во максимално обезбеден затвор

522

Погребот на Џорџ Флојд, по чија насилна смрт започна бран на протести во САД, ќе се случи во четврток. Информациите ја објави гувернерот на Минесота, Тим Волц.

– Тоа ќе биде важен настан за Минеаполис и Минесота, како и за нацијата. Тој процес на славење на животот кој беше одземен пред нашите очи, е можност за издигнување и лидерство – рече Волц.

Смртта на Афроамериканецот Флојд предизвика бран протести откако се појави видео на кое се гледа дека полициски службеник го соборува на земја и го држи со коленото приклештено врз неговиот врат, осум минути додека Флојд се жали дека не може да дише.

Полицаецот беше идентификуван како Дерек Човин од Минеаполис и во меѓувреме тој беше разрешен од службата, а сега е пренесен во максимално обезбеден затвор до неговото прво појавување пред суд.

Тој е осомничен за убиство од трет степен и вознемирување, а според Би-би-си, ова е трет затвор во кој е префрлен откако беше уапсен минатиот петок, како превенција од ширење на вирусот ковид-19, но и поради очекуваното влијание на протестите во затворите.

Првото сослушување пред судот беше преместено од денес на 8 јуни, а на Човин му е изречена кауција од 500.000 американски долари.