Објавени конечните резултати од парламентарните избори во Шведска

154

Владејачката шведска Социјалдемократска партија освои најмногу гласови на минатонеделните парламентарни избори во земјата, покажуваа официјалните резултати што беа објавени денеска. 

Социјалдемократите на актуелниот премиер  Стефан Ловен освоија 28,3 отсто од гласовите, конзервативната Умрена партија 19,8 отсто, додека Шведските демократи 17,5 проценти од гласовите. 

Ниту сојузот предводен од социјалдемократите, ниту опозуцијата на чело со умерените, а ниту блокот на десниот центар не успеаа да го обезбедат потребното мнозинство во Парламентот. 

На изборите правото на глас го остварија 87,2 отсто од гласачите на Шведска.