Обдукцијата ја продлабочи мистеријата за смртта на Епстајн

382

Обдукцијата направена на телото на Џефри Епстајн покажала дека претрпел неколку искршени вратни коски, наведе „Вашингтон Пост“ во извештај кој беше објавен вчера.

Лицата запознати со извештајот од обдукцијата рекле дека меѓу вратните коски кои се скршени, е и подјазична коска, која се наоѓа во близина на јаболчниците.

Ваков вид на кршење коски, може да се случи кога човек ќе се обеси или ќе умре од давење.

Шеесетишестгодишниот Епстајн во саботата беше пронајден мртов во затворската ќелија во Њујорк. Беше сместен сам во специјална ќелија.

Богатиот менаџер на фондови за осигурување од ризици, се наоѓаше во затвор од почетокот на минатиот месец, а во обвинението против него се наведува дека управувал со ланец за криумчарење со жени од 2002 до 2005 година. Се смета дека плаќал девојчиња на возраст од 14 години за сексуални услуги. Тој се изјасни дека не се чувствува виновен.