Нов мигрантски бран се заканува на Европа

41

Италијанската разузнавачка агенција АИСЕ ги предупреди властите во Рим дека илјадници мигранти од северна Африка наскоро ќе се обидат да стигнат до Европа.

Според сознанијата на АИСЕ, околу 6.000 мигранти би можеле да се обидат да дојдат во Италија, при што не е исклучено меѓу нив да има и исламистички терористи.

АИСЕ оценува дека овој нов мигрантски бран кон Европа е резултат на најновата ескалација на судирите во Либија, предизвикана од офанзивата на групата Либиска национална армија (ЛНА) на воениот командант Калифа Хафтар кон Триполи, што е под контрола на меѓународно признатата Влада на земјата.