Нов административен центар се гради во Египет

48

Египетските власти им предложиле на 90 држави да ги преселат своите дипломатски мисии од Каиро во новоизграден град.

Градот се наоѓа на 45 километри источно од Каиро и за сега нема име.

Египет планира до крајот на годината да ја заврши изградбата на новиот административен центар, каде ќе се наоѓаат сите владини служби.

Дислоцирањето на дипломатските мисии ќе биде на доброволна основа.