Новороденче од Кина дијагностицирано со коронавирус 30 часа по раѓањето

84

Новороденче во Кина е дијагностицирано со коронавирус само 30 часа по раѓањето, што го прави најмладото заразено лице со вирусот досега, јавуваат медиумите.

Бебето е родено на 2 февруари во Вухан, град во централна Кина каде првобитно беше дијагностициран вирусот.Мајката на бебето била позитивна на вирусот, покажаа тестовите, но не е јасно како болеста се пренела на бебето,  дали додека било во матката или по раѓањето.

Мала е бројката на деца коишто се заразени со вирусот, кој досега уби 563 лица и зарази 28.018 лица, најмногу во Кина. Според државната новинска агенција Ксинхуа, бебето, кое тежело 3,25 килограми при раѓање, е во стабилна состојба и е под надзор.

Медицинските експерти велат дека тоа можело да биде заразено уште додека било во матката.

– Ова покажува дека коронавирусот може да се пренесе од мајка на дете – изјави шефот на Одделот за новороденчиња во болницата во Вухан, новороденче, Зенг Лингконг.

Но, постои и можност бебето да се заразило по раѓањето поради близок контакт со мајката.

– Сосема е можно бебето да го добие вирусот многу конвенционално – со вдишување на капките вирус што дошле од мајката при кашлање – вели епидемиологот од Универзитетот во Колумбија, Стефан Морс за Бизнис Инсајдер.

Многу малку деца се позитивни за коронавирус, што беше случај и со други појава на коронавирусни епидемии во поновата историја, вклучувајќи ги САРС и МЕРС. Најголем број на заболени пациенти се на возраст меѓу 49 и 56 години.