Новичок ќе биде додаден на листата забранети отрови

58

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) ќе го додаде Новичок, нервен гас од периодот на Советскиот сојуз, на листата забранети отрови.

Таква одлука е усвоена денеска на предлог поднесен од САД, од Холандија и од Канада.

Одлуката е донесена откако со Новичок минатата година беа отруени двојниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Салсбури, јужна Англија.

Тоа е прва одлука за проширување на листата на ОПЦВ од формирањето во 1997 година, додека 193 земји членки на Органзиацијата имаат 90 денови да поднесат жалба на предлогот за проширувањето на листата на забранети отрови.