Новите санкции го затворија патот на дипломатијата меѓу Техеран и Вашингтон

73

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу Техеран и Вашингтон, изјавил портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Тој рече дека бескорисните санкции воведени кон иранското раководство и шефот на иранската дипломатија значи затворање на патот на дипломатијата за постојано фрустрираната американска администрација, пренесе „АП“.

Претходно иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, по повод воведувањето на новите санкции кон неговата земја, изјави дека „политичките јастреби“ блиски на Трамп се жедни за војна наместо за дипломатија.

Тој на Твитер напиша дека американсакиот претседател е целосно во право кога вели дека американската војска нема што да бара во Персискиот Залив, а дека повлекувањето на американските сили би било целосно во интерес на САД и на целиот свет.

Трамп вчера потпиша указ за воведувањенови санкции на Техеран нагласувајќи дека тие ќе го погодат врховниот лидер, ајаталахот Али Хамнеи.