Нова експлозија на Шри Ланка (видео)

164

Нова експлозија одекна пред црквата Свети Антун во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Новинарот на „Гардијан“, кој известува од самото место, објави снимка на која се гледа како луѓето панично бегаат. Тој тврди дека станува збор за помала експлозија.

Би-би-си објави дека до експлозијата дошло кога безбедносните сили се обидувале да ја деактивираат пронајдената експлозивна направа.