Новата влада на Романија положи заклетва, премиер е Лудовик Орбан

240

Новата романска влада, на чело со премиерот Лудовик Орбан, вечерва положи заклетва пред претседателот Клаус Јоанис во претседателската палата во Букурешт.

Владата претходно доби доверба од парламентот по што Јоанис потпиша указ за формирање нова влада.

Новата влада има еден потпретседател и 16 министри.

На претходната влада на поранешната премиерка Виорика Данчила ѝ беше изгласана недоверба на 10 октомври.

Мандатот на новата влада ќе трае до парламентарните избори, кои би требало да се одржат следната година.