Нетранспарентноста ги чини Фејсбук два милиони евра

34

Германските власти го казнија Фејсбук со два милиони евра, согласно со законот кој се бори против говор на омраза.

Федералната канцеларија за правда соопшти денеска дека социјалната мрежа не ги исполнила барањата за транспарентност при решавање на поплаки за говор на омраза, пренесе „АП“.

Агенцијата соопшти дека извештајот на Фејсбук за првата половина на 2018 година не го одразува вистинскиот број жалби на сомнителни незаконски содржини, што во Германија подразбира и антисемитски навреди и материјали наменети за поттикнување омраза кон лица или групи, врз основа на нивната религиска или етничка припадност.

Посочено е и дека не постојат нецелосни информации за јазичките вештини и обуката на персоналот задолжен за обработка на жалбите за говор на омраза.