Нетанјаху: Ќе го анектирам Западниот брег ако победам на изборите

66

Доколку победи на изборите следната недела, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ќе ја анектира долината на реката Јордан на Западниот Брег.

-Денеска ја најавувам својата намера, по воспоставување на новата влада, да го применам суверенитетот на Израел на долината на Јордан и северниот дел на Мртво Море, изјави Нетанјаху.

Тој нагласи дека таквиот потег нема да биде направен пред објавувањето на долгоочекуваниот американски мировен план и консултациите со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Засега нема никакви коментари од Вашингтон.

Палестинскиот премиер Мохамед Иштије, непосредно пред говорот на Нетанјаху, истакна дека израелскиот лидер „е главниот уништувач на мировниот процес“.