Нетанјаху и Ганц блиску до формирање влада за национално единство

72

Главниот противник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бени Ганц, е избран за претседател на парламентот во изненадувачки пресврт, што може да доведе до формирање влада за национално единство и останување на досегашниот лидер на власт.

Со делумната поддршка од својата центристичка Сино-бела алијанса и десничарскиот Ликуд на Нетанјаху, Ганц остави зад себе многу политички сојузници, кои се бесни поради отворањето на можноста за партнерство со судски обвинетиот премиер.

Ненадејниот пресврт во 48-часовната политичка драма предизвика контроверзии во партијата на Ганц.

Но, овој потег на Ганц остави отворена можност за ротација на премиерската функција, односно тој и Нетанјаху да се менуваат на чело на владата.

Обајцата бараа да бидат први што ќе ја преземат функцијата по три неуспешни избори за помалку од една година.

Нетанјаху предложи итно формирање извонредна национална влада со Ганц за ефикасна борба против коронавирусот.