Нетанјаху именува нов министер за одбрана на Израел

55

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, го именува Нафтали Бенет, лидерот на ултрадесничарската партија Ново Право, за министер за одбрана.

Тој ќе го преземе местото министер за одбрана од Нетанјаху, кој речиси една година ги извршуваше функциите премиер и министер за одбрана.

Во претходниот состав на владата на Нетанјаху, Бенет го предводеше Министерството за образование.