Нереди и насилство во Гренобл по смртта на двајца млади

319

Еден кварт на Гренобл во текот на минатата ноќ беше сцена на урбаното насилство по смртта на двајца млади луѓе кои со својот скутер удрија во автобус, откако одбија да застанат по барање на полицијата, јавува дописникот на МИА.

Двајцата млади се од квартот Мистрал, тие биле на скутерот без кацига и одбиле да застанат на полициска проверка. По несреќата во која ги загубија нивните животи, тензијата нагло пораснала во квартот.  По полноќ, 30 до 40 лица се обиделе да влезат во касарната во која се наоѓаат специјалната полиција за одржување на редот (ЦРС) во близина на квартот Мистрал. Напаѓачите запалиле автомобили во соседството.

Претставникот на синдикатот ЦФДТ Алтернатива Полиција за подрачјето, Франсоа Неделек, во тој момент имало само двајца полицајци ЦРС ја чувале касарната. Тие употребија солзавец за да ги држат напаѓачите додека не дошло засилување. Сто маскирани лица, исто така, поставија барикади во областа Мистрал и фрлаа проектили и околу триесет молотови коктели врз полициските службеници.

Јавнит ред и мир се вратил некаде околу  5:30 во неделата. Полицијата на Гренобл е задолжена да води истрага за смртта на двајца млади луѓе. „Ова не е прв пат тоа да се случи”, изјави Франсоа Неделек . „Ако ние не ги напуштивме овие квартови пред многу години, овој тип на трагедии  можеби не ќе се случеше.” Синдикалистот исто така го нагласува и „критичниот недостаток на припадници на силите на редот”, според него касарната мора во викендите да се чува со поголем број на  полицајци.