Неидентификуван објект прелета над границата помеѓу двете Кореи

73

Јужнокорејската војска соопшти дека забележала неидентификуван објект како прелетува во близина на границата со Северна Кореја.

Како што е соопштено, на радарот на војската откриени се траги од леталото над централниот дел од демилитализираната зона која ги раздвојува двете Кореи.

Ова се случува еден ден по неочекуваната средба на американскиот претседател, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Кин Џонг-ун во демилитализираната зона.