Невреме и поплави во Франција, еден загинат

74

Едно лице загина во францускиот регион Нормандија, откако автомобилот со кој се движел бил однесен од надојдена вода од поплавите, предизвикани од невремето и поројните дождови што зафатија делови на Франција.

Како што соопшти француската полиција, телото на удавениот 35 годишен маж било пронајдено во неговиот автомобил.

Француската метеоролошка служба информира дека портокалов аларм за појава на невреме и поплави е прогласен во 16 департмани во југозападна, централна и источна Франција.

Поројни дождови се регистрирани во департманот Рен, каде има и појави на свлечишта од кал, а бил предизвикан и прекин на сообраќајот на автопатот А36. Во овој регион противпожарната скужба имала 450 интервенции.

Поплави, водни наноси и интензивни електрични празнења се регистрирани и во департманот Јор.

Во текот на минатиот месец во Франција се регистирни околу 182.000 удари на гром, што е двојно повеќе од досегашниот месечен рекорд забележан во 2009 година.

Француската метеоролошка служба соопшти дека се очекува дождовите да продолжат во текот на целава недела.