На Солана му бил забранет влез во САД?

76
Хавиер Солана

САД му забраниле влез во земјата на Хавиер Солана, поранешен генерален секретар на НАТО и бивш шеф на дипломатијата на ЕУ и на Шпанија, поради патување во Иран, една од земјите што американскиот претседател Доналд Трамп ја стави на својата „црна листа“, тврди шпански „Паис“.
На Солана, кој треба да одржи говор во институтот „Брукингс“ во Вашингтон, му е одбиена американската виза преку електронскиот систем „поради посета на непријателска држава“, пишува весникот. Солана последен пат го посети Иран во 2013 година, кога се сретна со претседателот Хасан Рохани. Извори од амбасадата на САД во Мадрид не сакаа да го коментираат случајот, но прецизираа дека електронскиот систем автоматски ги отфрла барањата на луѓето, кои посетиле која било од седумте земји погодени од забраната за патување во САД (Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен). Солана го негирал инцидентот и за „Паис“ потврдил дека е во процес на добивање виза.