На денешните протести во Газа повредени повеќе од 400 Палестинци

59

Регионалното Министерство за здравство на Газа соопшти дека повеќе од 400 Палестинци се повредени во денешните протести долж пограничниот ѕид со Израел, пренесува Израел Њуз.

Министерството соопшти дека 70 од настраданите се повредени од израелски оган, а петмина се во тешка здравствена состојба.

Денешните протести се дел од серијата демонстрации против блокадата на Газа од Израел и Египет. Тие се совпаднаа со годишниот „Ден на Ерусалим” воспоставен од Иран за да се изрази незадоволство од израелската власт над светиот град.

Израел и Иран се непријатели од 1979 година, кога во Иран се случи Исламската револуција.