На Бахамите 2.500 луѓе се водат како исчезнати по ураганот

31

Официјални лица денеска соопштија дека околу 2.500 луѓе на Бахамите се водат како исчезнати по ураганот Доријан.

Портпаролот на Националната служба за управување со кризи, Карл Смит, истакна дека списокот на исчезнати не е проверен, односно не е утврдено дали некој што се наоѓа на него е во привремените прифатилишта.

Тој појасни дека во моментот се проверува базата на податоци.

Во ураганот во Бахамите загинаа 50 луѓе, а илјадници се сместени во привремени засолништа.