На авионот што се урна во Иран му се запалил моторот

79

Патничкиот авион во Иран се урнал откако се запалил еден од моторите, по што пилотот изгубил контрола над леталото, кратко по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во иранскиот главен град Техеран, соопшти иранското Министерство за сообраќај.

Од таму потврдиле дека ниту еден од 176 патници не преживеал.
Во „боингот 737-800“ на компанијата „Украина Интернешнл ерлајнс“ на летот за Киев се наоѓале 167 патници и девет членови на екипажот. Поголем број од патниците биле Иранци. Овој лет воглавно го користат ирански студенти кои се враќаат во Украина по зимските празници.

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изрази сочувство до семејствата на загинатите. Тој ја прекина посетата на Оман и се врати во Киев.